СЕМИНАР: ЛЕКУВАЊЕ НА ГИНЕКОЛОШКИТЕ БОЛЕСТИ И КАРЦИНОМИТЕ НА ДОЈКА СО ХРАНА
Напишано од Др. Јадранка Бибан - Спец. гинеколог акушер Среда, 09 Декември 2009 20:29
Современите хронични болести се лекуваат со промена на животните навики.
Со промена на начинот на исхрана, се обновува нарушеното здравје, физиолошките процеси во организмот се нормализираат и болеста исчезнува! Веќе многу реномирани клиники во светот посветуваат исклучително големо внимание на начинот на исхрана на своите пациенти. Многу доктори начинот на исхрана го применуваат како основен лек во лекувањето на хроничните болести кај пациентите.
Веднаш започнете со сопствена едукација за тоа како треба да се храните и која е вистински здрава храна, затоа што денес под поимот „здрава храна“ на пазарот се нудат производи кои не само што не спаѓаат во таа категорија, туку напротив се многу штетни по здравјето на луѓето. Но мотивите за екстремна и брза заработка на некои производители и трговци со храна се премногу силни и кулминираат со крајно и безобразно нудење на таквите производи, кои оставаат бројни последици по здравјето на луѓето . . .
Здружението за Здравствена Едукација и Екологија 8-КА, во соработка со програмата „Д-р. Бибан“ во м. Јануари 2010 година ќе организира тродневен семинар на тема:
„Лекување на гинеколошките болести и карциномите на дојка со ХРАНА“
Пријавете се навреме за учество на семинарот и дознајте зошто се јавуваат и како се лекуваат:
- Дисфункционалните крварења кај жената
- Болните менструации
- Менопаузалните проблеми
- Полицистичните јајници
- Ендометриозата
- Предменструален синдром
- Цисти на јајници
- Тумури на матка
- Карцином на дојка...
Учествувајте на семинарот и дознајте ја вистината за вашиот проблем. Дознајте како да се ослободите од лековите. Дознајте како да избегнете непотребна операција.
Ослободете се засекогаш од стравот заради рак на дојка. Дознајте зошто токму тој карцином е најраширен кај жените денес. Кога ќе ја дознаете вистината ќе можете да го одберете вистинскиот пат за вистински и успешно да му се спротивставите.
Семинарот ќе се одржи во Скопје, во прекрасниот амбиент на хотелот „СРЕДНО ВОДНО“, од 22.01.2010 (Петок) со почеток од 17,00 часот до 24.01.2010 (Недела) до 16,00 часот.
Во цената за тродневниот семинар се вклучени :
- Едукативни предавања,
- Едукација за начини на готвење,
- Чи Кунг вежби,
- Оброци (доручек, ручек и вечера).
Во цената не се вклучени ноќевањата.
Дополнителни информации може да добиете со контакт преку :
- e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ,
- tel. 02 / 30 80 920,
- tel. 070 26 88 75.
| < Пред | Следно > |
|---|





