8-КА ВЕ ПОКАНУВА
Напишано од 8ka Четврток, 20 Јануари 2011 22:24
На 27 01 2011 година (четврток) со почеток од 20,00 часот, во просториите на Хотел Порта Скопје . . .
8-КА ве повикува да се собереме и да одбележиме уште една годишнина од формирање на нашето Здружение за Здравствена Заштита и Екологија 8-КА.
Здравјето е наше право. Здравјето ни припаѓа нам и никој нема право да си поигрува со него. Здравјето е нашето постоење, нашата целовитост. Здравјето е единствената наша вистина. Животот значи здравје и секоја болест се победува само со здравје.
8-КА ни покажа дека никогаш не треба да прифатиме дека треба да живееме со болест.
Затоа,
8-КА значи бесконечност на животот
8-КА е пат кон вистинското здравје
8-КА е симбол на непобедливоста на човечката моќ
8-КА е водич кон вистинското човечко достоинство
8-КА е доказ за нашето право да бидеме здрави
8-КА е патоказ кон будење на нашата свест
На 27 01 2011 година уште еднаш ќе се дружиме и ќе го прославиме нашето будење.
Уште еднаш ќе го почувствуваме вкусот на здравјето преку специјалитетите подготвени од нашите активисти.
Припадници, активисти и поддржувачи на 8-КА, да се собереме и оваа година и да ги поканиме и сите оние кои сакаат да ја запознаат нашата 8-КА и сите оние на кои 8-КА им е потребна.
Да се дружиме и да уживаме во победничка и празнична атмосфера, во радост, среќа и бесконечно здравје, токму каква што е нашата 8-КА.
| < Пред | Следно > |
|---|









Коментари
Me interesira kako moze da se prosiri mrezata i vo Bitola?
Srdecen pozrav,
Meri.
Pozdrav