МЕСЕЧНИ КУРСЕВИ НА 8-КА
Напишано од Д-р спец. Јадранка Бибан Среда, 31 Август 2011 18:37
„Знам дека секој човек може да биде совршено здрав. Знам дека клучот за своето здравје го поседува секој и тој е неразделен дел од самата човечка природа. Потребно е само да излеземе од состојбата на амнезија и да се сетиме на вистинските закони на природата со кои владееме самите ние луѓето, затоа што всушност токму ние сме природа. Кога очите вистински ќе се отворат, ќе се погледне во вистинскиот лек кого залудно долго време сме го барале. Всушност тогаш ќе се погледне врз сопствениот одраз во огледалото.“
Д-р Јадранка Бибан
Начинот на исхрана и умерените вежби се клучен лек во лекување на современите хронични болести. Со нивна правилна примена се лекуваат и најтешките болести и тоа според принципот на целосна обнова на метаболизмот или негово „репрограмирање“, со што сите физиолошки функции во организмот се враќаат во нормала. Тоа е единствениот метод на обнова на здравјето и прв, најважен пристап во лекување на дијабетот, остеопорозата, реуматските болести, срцевите и васкуларните болести, дебелината, болестите на гастроинтестиналниот тракт, карциномите, гинеколошките болести и уште многу други современи болести од кои страдат голем број луѓе во современиот свет. Но, имајќи ја во предвид силината на храната како лек и нејзиното значење во здравјето на луѓето, во јавноста секојдневно се јавуваат бројни дезинформации за тоа која е вистински здрава храна, кои методи на исхрана треба да се применуваат и слично, а со цел продажба на некои наводно здрави прехрамбени производи и непринципиелен начин за профитирање од истите. На луѓето денес како никогаш порано, неопходна им е точна информација, односно вистинска стручна едукација во оваа област со што ќе научат како, односно на кој начин да ја преземат ситуацијата во свои сопствени раце и да се справат со болестите...
Едукативниот центар на 8-КА почнувајќи од Септември 2011 година, почнува со организирање едукативни курсеви за подготвување и консумирање на здрава храна, како и со курсеви за практицирање на умерени телесни и психотелесни вежби, а сето тоа во функција на лекување на современите хронични болести ...
Едномесечниот курс на 8-КА опфаќа:
- Едукативни часови со Д-р Јадранка Бибан, за исхрана и лекување со храна,
- Едукација за начин на подготвување на храната, дегустација на храна,
- Часови по чи кунг вежбање,
- Групни медитативни сеанси.
Времетраење на курсот е еден месец, а часовите ќе се одржуваат три пати неделно х 2 шеесетминутни часа.
Цената за присуство на курсот е 6.200 денари.
Пријавување за учество на месечниот курс како и дополнителни информации во врска со истиот може да се добијат на :
- тел. 02 / 30 80 920
- тел. 070 26 88 75
- e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
- секој работен ден (од понеделник до петок) од 08,00 до 16,00 часот.
Начин на пополнување на Уплатницата:
- покрај Вашите лични податоци (име и презиме, адреса), пополнувате:
- во рубриката Примач – Здружение 8-КА Скопје
- Банка на примачот – Ком. банка Скопје
- Трансакциска сметка – 300 0000028647 37
- во рубриката Цел на дознака – за месечен курс.
| < Пред | Следно > |
|---|







Коментари
Aneta Kirovska. Od Shtip.
Pozdrav