КОЈ ЌЕ БИДЕ ПОБРЗ-СВЕСТА ИЛИ ПАРИТЕ ?
Напишано од Д-р спец. Јадранка Бибан Среда, 30 Ноември 2011 23:29
Ако ги запрашате повеќето доктори, што да направите за да се заштитите од карцином на дојка, ќе ви кажат дека треба да одите редовно на контрола, да правите годишни мамографии ако сте на возраст над 40 години, да правите самопреглед дома ... Незнам по кој пат ќе напишам уште еднаш дека мамографијата и другите препорачани прегледи не штитат од карцином туку тие го откриваат карциномот. По нив следат биопсии, операции и други препорачани процедури за лечење...
Она што многу жени не го знаат а докторите некако не сакаат да го согледаат е фактот што карциномот на дојка е болест која буквално може да се спречи односно да се превенира ако сакате да се изразите со медицински речник. Кога јас студирав медицина не добив информација дека карциномите се болест која има многу поврзаност со исхраната на луѓето. Тогаш ниту еден од моите колеги не го поврзуваше карциномот со начинот на исхрана.
Но сега гледам дека не е точно дека науката во тоа време ги немала тие информации. Во минатиот век има многу изработени медицински студии кои ја покажале врската меѓу начинот на исхрана и појавата на карциномот, но тие резултати не добиле внимание од таканаречената научна јавност и буквално собирале прашина по фиоките на истражувачките институти.
Наместо да се посвети поголемо внимание на исхраната како фактор за појава на карциномот на дојка, научната јавност посветува многу големо внимание на генетската склоност на жената да заболи од оваа болест. Дека не може генетиката да има толку големо влијание во појава на ракот на дојка, зборува фактот што процентот на заболеност од карцином на дојка драстично се зголемува кај жените Азијатки (Јапонки на пр.) кои од Јапонија се преселиле да живеат во Америка и направиле комплетна промена во начинот на својата исхрана.
Растот на карциномот на дојка во најголем процент е „потпалуван“ со зголеменото количество на естрогени хормони, чие создавање пак е поттикнато од внес на храна која содржи висок процент на масти. Таква храна е храната која најмногу се консумира во Западниот развиен свет. Кога се консумира мрсна храна не само што се зголемува количеството на создадените естрогени туку и самиот естроген станува многу посилен, многу поактивен и неговото дејство резултира со поттикнување на канцерскиот раст.
Нездравата мрсна храна го поттикнува почетокот на пубертетот кај девојчињата многу рано и на тоај начин многу рано организмот на девојчето е изложено на дејството на естрогени хормони. Тоа резултира со појава на рак на дојка во многу помала возраст, на 20 години па и помалку. Затоа е многу важно здравиот начин на исхрана да се научи уште од детската возраст за да се одржи квалитетот на животот во подоцнежните години.
Има многу невладини организации кои постојано прават акции и спроведуваат некакви проекти за сексуална едукација на младите за контрацепција, сексуално преносливи болести и сл. Јас не сум против тоа, тоа е многу добра работа, но сепак мислам дека едукацијата на младите за значењето на здравата исхрана е фрлена сосема на страна и несериозно се сфаќа.
Негрижата на општеството за воведување на здрава храна кај децата може да се види многу лесно. Доволно е да поминете низ некој школски двор за време на одморите и ќе видите деца кои јадат чипс, смоки, чоколадни бисквити, кроасани со еурокрем, сендвич со кашкавал и салама, хамбургер, тост кој се цеди од мрсотија, бурек со месо и со сирење кој е завиткан во хартија која како да е извадена од канта со маст, овошни јогурти, односно некои јогурти со боја и мирис на некое овошје за кои родителите мислат дека е здрава храна заради овошјето. Дали некој од родителите се запрашал како тоа овошјето во јогуртот може да стои толку долго време на рафтовите во маркетите ако знаеме дека ако во вистинско кисело млеко потопиме парчиња од овошје за два дена ќе скисне...?
Др. Даниел Крамер од Харвардскиот Универзитет ја истражувал врската меѓу исхраната и карциномот на јајници. Др Крамер ја анализирал и ја истражувал состојбата кај стотици жени кои заболеле од карцином на јајници, односно правел детална анализа на нивниот начин на исхрана. Нивната состојба ја споредил со ист број жени кои биле на иста возраст а кои биле од различни подрачја и кои немале карцином на јајници. Еден од истражувачките резултати бил податокот дека жените кои заболеле од карцином на јајници многу почесто консумирале млечни производи особено оние за кои обично се мисли дека се „здрава храна“ како што се јогуртите. Др Крамер ова го поврзува со прекумерното количество на млечниот шеќер галактоза и неговото влијание врз јајниците.
Вакви истражувања во однос на поврзаноста на појавата на карциномите со начинот на исхрана има многу. Можеби некои за вака добиените резултати ќе бидат скептични и ќе бараат многу повеќе податоци да го потврдат влијанието на одредена храна во појавата на карцином. И таквото размислување е сосема во ред, односно сосема е во ред ако побараме поубедливи истражувања кои се разбира не смеат да бидат тенденциозно изведени или „нарачани“. Но сето тоа никако не може да го побие фактот дека начинот на исхрана е со сигурност поврзан со зголемениот процент на заболени од карцином денес.
А тоа значи дека токму начинот на исхрана треба да изигра клучен момент во превенција од карцином кај населението. Знам дека е многу тешко да се прифати не многу атрактивна метода на лекување како што е исхраната и здравите животни навики, особено во вакви околности кога на карциномот се гледа како на неизлечива и смртоносна болест. Затоа многу „логично“ изгледа настојувањето на пациентите да се подвргнат на агресивни и скапи методи на „рано откривање“ на болеста и нејзино лекување како што се мамографијата, биопсијата, операцијата, хемотерапијата и сл. Луѓето се уплашени за својот живот заради агресивноста на болеста па затоа бараат и агресивност во лекувањето. Во целата таа работа многумина не можат да согледаат дека начинот на исхрана како метода на превенција па и лечење на карциномите може да биде многу ефикасна метода и покрај тоа што не е воопшто скапа. Тоа е всушност животен стил.
Можеби во околности на трка по пари, ваквата превенција и начин на лекување не изгледа многу атрактивно и не пружа доволно простор за заработка, на оние кои би ја препорачувале. Но моите согледувања говорат дека, најверојатно заради секојдневно пласирање на се поубедливи факти за значењето на здравата храна во здравјето на луѓето, потрошувачкото општество започнува доста добро да се вклопува во целата работа. За почеток тоа го прави преку екстремно висoките цени на сертифицираната органска храна. Астрономските цени на оваа храна веќе наликуваат на високите цени на фармацевтските лекови, па најверојатно кога ќе се обезбеди добра заработка од ваквата храна и таа официјално ќе биде прогласена за лек...?
Но ако свеста на луѓето побрза, уште пред тоа да се случи, многу луѓе ќе имаат свое сопствено и ефтино производство на здрава храна.
| Следно > |
|---|







Коментари
Za zal tolku malku se posvetuva vnimanie na edukacijata na naselenieto sto e zagrizuvacko.
Operirana sum od kancer na dojka, no za ovie 6 meseci primenuvajki ja metodata na dr.Biban imam odlicni rezultati.
Mnogu mi e zal sto nesum znaele porano za programata na dr.Biban, verojatno nemase ni da se operiram (hemoterapija i zracenja ne napraviv - gi odbiv).
Od den na den sum so se podobro zdravje, taka sto potpolno i toplo preporacuvam na site da otpocnat so svojot pat kon zdravjeto primenuvajki ja gorenavedenata programa.
Vi pozeluvam mnogu uspeh na site,srdecno Olgica Shentevska