logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Здружение 8ка

  • Статут
  • Програма
  • Донирај

Следни настани

  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

УЛОГАТА НА ИНТЕРПОЛ ВО МЕЃУНАРОДНАТА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

УЛОГАТА НА ИНТЕРПОЛ ВО МЕЃУНАРОДНАТА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Напишано од Д-р Марина Малиш Саздовска Вторник, 30 Март 2010 11:20

400
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(1 глас, просек 1.00 од 5)

Интерпол, како меѓународна организација за борба против криминалот на глобално ниво и во светски рамки, ги поддржува и помага сите организации, власти и служби чија мисија е превенција и борба против меѓународен криминал. Во Интерпол членуваат 184 земји членки, чија примарна цел е собирање, споредување и размена на информации. Заради спречување и борба со еколошкиот криминал, 1993 година e формиран Комитет за еко-криминал, кој организира, меѓу другото, и меѓународни конференции за еко-криминал, помага во идентификување на проблемите поврзани со истрагите за еколошки кривични дела и идентификува решенија за спречување на овој тип казниви поведенија...

 

Во рамките на Комитетот за еко-криминал, работат две работни групи:

- работна група за кривични дела поврзани со дивиот свет (растителен и животински);  и

- работна група за кривични дела поврзани со загадувањето.

Со ваквите активности и мерки што се преземаат од страна на телата на Интерпол, се овозможува делување на еден сложен механизам, насочен кон спречување на еколошкиот криминал, преку преземање на истраги, формирање и користење на дата бази на податоци, меѓународни обуки и тренинзи, размена на податоци и сл.

Најпознат случај е случајот на Кенг Лианг Ансон Вонг, кој бил меѓународен шверцер на рептили од Пенанг, Малезија. Тој успешно шверцувал околу 300 заштитени животни во Соединетите Американски Држави во пакети на Федерал Експрес, авионски багаж или друг превоз. Тој бил уапсен во Мексико, бил обвинет во судот на Сан Франциско, и бил екстрадиран во САД, каде што му било судено за сторените дела од областа на еколошкиот криминал. За ФБИ бил познат како ,,Кинг Рат“ и бил на врвот на подземјето за илегална трговија со животни. Во Малезија поседувал своја приватна зоолошка градина, која била одличен параван за илегална трговија со заштитени животни.  Илегалната трговија на Вонг[1] се состоела од кражба на речиси изумрениот „комодо драгон“ од Индонезија. Секој од овие најдолги гуштери е проценет на 30.000 долари, кинескиот алигатор чини 17.000 долари на црниот пазар, боата од Мадагаскар чини 2.500 долари. Некои од овие видови се толку ретки што дури и зоолошките градини не можат да ги поседуваат, но Вонг успеал да ги пронајде и да тргува со нив. Падот на Вонг се случува по неговото вклучување во големиот грабеж на рептили од возот, што претставува најголема кражба на скапи рептили. Тој бил вклучен и во кражбата на 37 скапоцени желки украдени од Мадагаскар, од која секоја чинела по 52.500 долари. Денес Вонг се наоѓа во калифорнискиот затвор, виновен за трговија со најзагрозените видови.

Вонг имал шверцувано во САД околу 300 животни, од кои 70 заштитени желки од Мадагаскар, кои биле украдени од проектот за нивно размножување, од кои еден примерок чини 52.500 долари. Покрај Вонг, обвинети се и други лица:  Џејмс Мајкл Бароуз, Бо Ли Луис, Чарлс Џефри Милер, Роберт Г. Палух од САД, и  Уа Оскар Чиу од Хонг Конг, Кина.

###

Трговијата со диви животни, живи или мртви, и растенија е огромна, а профитот изнесува билиони фунти годишно.  Трговијата на диви животни опфаќа 25.000 до 30.000 примати, 2 до 5 милиони диви птици, 10 милиони кожи од рептили, 7 до 8 милиони кактуси, преку 500 милиони тропски рипки. Илегалната трговија со ретки или заштитени животни изнесува околу 6 билиони годишно, и е поголема од илегалната светска трговија со оружје, ракети, и втора по илегалната трговија со дрога.

Каква е илегалната трговија, можеме да илустрираме со некои цени за ретки видови на интернационалниот црн пазар:

  • Ретка орхидеја - УС$10,000
  • Ретки кактуси - УС$7,000
  • Трениран сокол- УС$5,000 - $20,000 дури до $50,000
  • Ретко макао - УС$20,000-$40,000
  • Схахтоосх (од тибетската антилопа) - УС $ 35,000
  • Муск (од кабарга) УС $ 50,000 за килограм.

Големите профити се мамка за илегалните дилери со животни, кои очекуваат голема заработувачка со трговија на ретки видови. Рептилите, како што се малите желки или змијата „виножито“, може да се купат во локално село за околу 6 долари, потоа да се продадат на трговец со животни за 50 долари, кој потоа ги продава на приватен пазар за 150-200 долари. Значи, со продажба на само еден примерок, се остварува 2.000 % профит, речиси еднакво на трговијата со кокаин и хероин.

Заради тоа, надлежните органи во наредниот период треба да посветат поголемо внимание на борбата со еколошкиот криминал, кој е во форма на организиран криминал, и кој овозможува остварување на високи профити, а сè со цел успешно спротивставување на овој вид на криминалитет, кој е во пораст на светско ниво.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 



[1] Според BBC Panorama report, Animal Underworld

< Пред   Следно >

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.