logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер

Како функционира Програмата на 8-КА


  • Програм Др Бибан и 8-КА
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Здружение 8ка

  • Статут
  • Програма
  • Донирај

Следни настани

  • НАСКОРО:
    ПРОМОЦИЈА НА НОВА КНИГА
  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

СЕВКУПНO СПОЗНАНИЕ

СЕВКУПНO СПОЗНАНИЕ

Напишано од Љупчо Спасевски Вторник, 30 Март 2010 11:31

403
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(2 гласа, просек 4.50 од 5)

 Во претходните броеви на 8-КА, во написите од  овој циклус, ви ги претставивме феномените на новото време. Таму, покрај другото, стана збор и за „будењето“ на новата генерација, кај која особено е развиен енергетскиот центар на интуицијата и на психичките способности. Такви примери има низ целата човекова историја. Особено значаен е фактот дека во втората декада од новиот милениум, „будењата“ ќе бидат сè позачестени.

ИДНИНА

Низ историјата, луѓето со таков сензибилитет  за простор,  време и други димензии ги нарекувале пророци. Посебно интересни се најстарите пророштва  од претпотопните цивилизации, од кои се останати само преданија и фрагменти во духовната литература на светските религии. Нивното дешифрирање е возможно само со спојување на фрагментите и фокусирање кон иднината. Тие пророштва јасно и недвосмислено говорат за нов духовен квантен скок во втората декада од новиот милениум и преминување на нов енергетски стадиум на комуникација и егзистенција.  Како ние ќе го почувствуваме тоа? Ова е можеби најдобро опишано во книгата „Бела ноќ“. Еве го тој извадок од книгата:

„ Тој го придржа и заедно отидоа до прозорецот. Кога погледна надвор,  виде еден нов прекрасен свет. Насекаде зрачеше љубов и убавина, па дури и сонцето имаше посебно убав и чуден сјај. Како многу повеќе бои од сончевиот спектар да беа видливи. Го отвори прозорецот и вдиша воздух со полни бели дробови. Утредента се прошета покрај езерото. Езерото, небото и природата се претопуваа во безброј прекрасни и топли бои. Тоа есенско претпладне градот беше раздвижен. Иако летото помина, сепак летните мешаници останаа. Сè наоколу делуваше весело и разиграно. Улиците и шеталиштето покрај езерото беа полни со народ. Сонцето се капеше во езерото. Тој полека чекореше  покрај брегот. Малите езерски бранчиња го милува песокот. На хоризонтот боите на водата и небото се прелеваа. Езерото пред него како да танцуваше“...

 

Доколку, од друга страна пак, човештвото е обземено со стравови (егзистенција, војна, болест, катастрофи, глад, жед, итн…), тогаш и визијата за иднината е многу бледа, исполнета со сивило, чемер и јад. Сензибилните луѓе го апсорбираат зрачењето на таа фреквенција и проектираат таква слика за иднината.  Такви во поново време се креманското пророштво и пророштвото на баба Ванѓа.

„Ванѓа наводно кажала дека Третата светска војна ќе започне по обидот за атентат на претседателите на четири држави и по судирот во Хиндустан, а за почеток ја назначила 2010 година. Таа тврдела дека нејзините паранормални способности имаат врска со „невидливите луѓе“, кои наводно ’и испраќале информации за просторот и времето“. 

 

 

Последните дваесет години многу се експлоатирани календарот, документите и градбите на Маите. „Проучувачите“ на културата на Маите ја лансираа тезата за датумот 21.12.2012 како Судниот ден, Рагнарок, Армагедон, и сл. Тоа го поткрепуваа со фактот дека тој ден, наводно, Сончевиот систем влегува во специфична положба кон млечниот пат, кој се повторува на секои 5200 години. Тоа би можело да предизвика глобални климатски промени, а како резултат на тоа, би можело да дојде и до појава на природни катастрофи, а потоа и до војни за вода, храна и други ресурси. Врз тоа сценарио е снимен и мегахитот „2012“, кој во минатата година ги полнеше киносалите ширум светот.

 

Спротивно од нив, други древни култури  ја прикажуваат мултиди­мензи­оналната слика на паралелни универзуми и нивните циклични промени со примери за интердимензионални искуства.  Во тој контекст ќе ви презентираме уште еден извадок од книгата „Бела ноќ“, која на некој начин го опишува интердимензионалното искуство на главниот лик и неговата средба со сензибилна личност.

„Иако беше удолно, тие долго одеа до селото. Тесната патека и камењарот им го успоруваа движењето. Кога стиг­наа таму, веќе се стемнуваше. Беше пусто и се слушаше само лаењето на кучињата. Во селото беа останати старците, децата и жените, а тие рано се прибираа дома. Тој знаеше каде е куќата на бајачката. Тие се упатија кон крајот на селото, потоа затварајќи ја вратата зад себе, влегоа во нејзината куќа.  Таа седеше во аголот на собата и воопшто не се помрдна од местото, не покажувајќи знаци на изнена­дување. Ја поздравија. Таа ги отпоздрави и им рече да седнат. Илија почна да ’и објаснува зошто се дојдени. Таа со движење на раката му даде до знаење дека нема потреба да ’и објаснува. Се сврте кон Марка и долго гледајќи го в очи, му рече:

-           Дај ми ја раката.

Марко ја пружи раката кон нејзе, а таа ја зеде меѓу нејзините раце, ја подржа малку, а потоа ги тргна толку нагло, како да беше изгорена. Вчудоневидено  го погледна и го праша.

-          Ти не си тукашен?

-           Не.

-           Од каде доаѓаш?

-           Од градот, поточно од предградието.

-           Мислев, навистина од каде доаѓаш?

-           Од таму, навистина.

-           Ти момче, доаѓаш  од многу, многу  голема далечина. Зрачиш чудна енергија која ме исполнува со топлина и спокојство, но има и некоја друга ладна и темна сила околу тебе. Од неа ти се плашиш, особено кога ќе ’и се доближиш. Најчесто ’и се  доближуваш во соништата. Затоа  немирно спиеш. Сонот што го сонуваш е порака, претскажување.  Мора да  заминеш одовде. Пред да заминеш, ќе се качиш на Орловиот врв,  можеби од таму ќе го видиш она што не можеш од овде. Јас кажав, а сега одете“.

Се надеваме дека овој текст, исто како и претходните, ве поттикна да ги раздвижите мислите кон севкупното спознание.

 

< Пред   Следно >

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

sava2

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.