СЕМИНАР „НИКОГАШ ПОВЕЌЕ ДЕБЕЛИ И ГЛАДНИ“
Напишано од 8ка Вторник, 31 Март 2009 10:58
25.04.2009 (сабота)
Даре Џамбаз (Црвен крст)
10.00 - 16.00 часот
Дебелината е болест на современието. Таа е последица на нездравите животни навики на луѓето и консумирањето на нездрава храна. Дебелината е последица на желбата за екстремна заработка на производителите на нездрава храна, но истовремено дебелината стана и извор на заработка на „продавачите на диети и на здрав животен стил”. Затоа и дебелината се вбројува во групата на
современи хронични болести кои се одговорни за уништување на квалитетот на животот на милиони луѓе во светот.
Здружението за здравствена eдукација и eкологија „8-КА” го организира првиот семинар посветен на ДЕБЕЛИНАТА КАКО НАЈРАШИРЕН ЗДРАВСТВЕН ПРОБЛЕМ КАЈ СОВРЕМЕНИОТ ЧОВЕК. Овој семинар ќе овозможи едно поинакво информациско и искуствено сознание на оваа проблематика и ќе овозможи согледување на неколку аспекти кои директно ќе ги воведат посетителите во суштината на
појавата на дебелината, нејзината динамика на присутност на локалната и глобалната сцена. Воедно, семинарот ќе се обиде да претстави практични и лесно применливи приоди кон справување со ова здравствено, емотивно и духовно осиромашување.
Програмата на семинарот ќе биде водена од страна на др. Јадранка Бибан, си-фу Предраг Петрески и дипл. психолог Радмила Живановиќ. На семинарот ќе имате можност и директно да дегустирате дел од рецептите преку кои „8-КА” се соочува со дебелината и воедно нуди една поинаква можност за восприемање на храната и нејзината подготовка.
Пријавувањето може да се изврши на телефон: 02/3080920 или
„Никогаш повеќе дебели и гладни“
Предавач: др. Јадранка Бибан
11.30 -11.45 Пауза
11.45 -12.20 Презентација и разговор:
„Со напорно вежбање не се слабее“
Предавач: си-фу Предраг Петревски
12.20 -13.00 Презентација и разговор:
„Улогата на семејството како систем на поддршка за промена и развој на навиките за исхрана“
Предавач: психолог Радмила Живановиќ
13.00 -13.45 Пауза на семинарот
(Вегетаријански сендвич, сок, минерална вода)
„Загадена средина - дебела нација“
Предавач: др. Јадранка Бибан и
Еко активисти на 8-КА
14.20 -15.00 „Разговори во кујна – со вкусни јадења до здравје и витка линија“
Рецепти и начини на подготовка на здрав оброк, подготовка и дегустација.
15.45 -16.00 Прашања и одговори
Евалуација на семинарот
Конечно, прва средба: Здружение за здравствена едукација и екологија 8-ка
Напишано од Glaven administrator Вторник, 17 Март 2009 15:49
На ден 03 03 2009 година, активистите на Здружението за Здравствена Едукација и Екологија 8-КА, го одржаа својот прв состанок во поширок состав, со цел поблиско запознавање и конкретизирање на идните постапки и активности на Здружението. Сите учесници (активисти) беа на мислење дека конкретно и активно делување на 8-КА е повеќе од потребно во услови на слаба информираност и неедуцираност на граѓаните во врска со вистинската заштита на нивното здравје и потребата од сигурна и вистинска превенција на современите хронични болести.

Заеднички став на членовите на ЗЗЕЕ „8-КА“ е дека ЕДУКАЦИЈАТА и континуираното делување на активистите на Здружението, треба да биде основниот метод на постигнување и остварување на програмските цели на 8-КА: заштита на здравјето на луѓето и вистинска превенција на тешките болести.
Во борбата за остварување на целта – квалитетен (здрав) живот за секој поединец и за целата заедница, неопходна е вистината, односно точната информација за ПРИЧИНИТЕ кои го уништуваат квалитетот на животот на денешниот човек.
Затоа, да се здружиме сите заедно ВО ПОТРАГА ПО ВИСТИНАТА ЗА НАШИТЕ ГЕНЕРАЦИИ
Претседател на ЗЗЕЕ 8-КА
Д-р. Јадранка Бибан
Здружение за здравствена едукација и екологија 8-ка
Напишано од 8-ка Недела, 08 Февруари 2009 10:15
Почитувани Пријатели,
Согласно одлуката на тимот кој работи на проектот 8-КА, а со широка поддршка од читателите на 8-КА, минатиов месец основавме ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЕДУКАЦИЈА И ЕКОЛОГИЈА 8-КА.
Со основање на здружението се отвори можност за широка акција на активистите и поддржувачите на проектот 8-КА, чија основна цел е едукација и информирање на луѓето за причините за тешките хронични болести кои се закануваат по здравјето и животот на денешниот човек. Откривајќи ги вистинските причини за овие болести, се откриваат и вистинските начини за заштита од истите, за победа над истите и што е уште поважно, се открива ВИСТИНАТА ЗА НАШИТЕ ГЕНЕРАЦИИ односно се открива човечката заблуда за неизлечивоста на „тешките болести“ и тенденцијата на оние кои сакаат сето тоа да го претстават само како неизбежна човечка судбина.
Време е да се почне да се размислува поинаку, затоа што е време да се почне да се живее поинаку. Да се живее во светот на вистината наместо во светот на лагата и заблудата. Време е за победа над човечките ниски страсти, над човечката алчност која го уништува нашето здравје. И не само што го уништува нашето, туку го осудува на пропаст и здравјето на идните генерации.
Време е да се почне вистински да се размислува за тоа зошто е карциномот „неизлечива“ болест, зошто треба да се земаат таблети за срце и за висок крвен притисок до крајот на животот, зошто треба да се живее со инсулин доживотно...
Начинот на исхрана на современиот човек, влијанието на храната врз неговото здравје и нејзината пресудна улога во заштитата и лекувањето на тешките болести, постојано е игнорирана тема од страна на современата медицина. Зошто е тоа така? Најверојатно, заради тоа што тука се крие најголемата вистина за нарушеното човечко здравје, но истовремено тука се крие и вистината која може да ја загрози алчноста за пари на сите оние кои заработуваат, труејќи не со нездрава храна и загадувајќи ја нашата животна околина.
Здружението 8-КА, веќе ја добива подршката од лекари, стручњаци и други кои својата прогресивна мисла и труд ги ставаат во функција на вистинската медицинска наука.
Придружете се сите, во ПОТРАГА ПО ВИСТИНАТА ЗА НАШИТЕ ГЕНЕРАЦИИ. Станете дел од прогресивниот свет кој ќе се залага за достоинствен живот на оваа планета, ќе се залага за иднина вредна за човечкото постоење.
Програмата и статутот на ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЕДУКАЦИЈА И ЕКОЛОГИЈА 8-КА можете да ги погледнете на оваа наша веб страница.
Страница 3 од 3






